Несторовски заврши под нож, нема да игра на ЕП!

Илија Несторовски, македонскиот репрезентативец и напаѓач на Удинезе, утринава му беше направена операција на коленото откако ги скина внатрешните вкрстени лигаменти, по што сонот за настап на ЕП му завршува.

Нашиот голгетер се повреди пред два дена на тимскиот тренинг на Зебрите, па иако надежите беа дека повредата не е сериозна, се покажа сосема спротивното. Операцијата помина успешно, по што на Нестор му следува подолга пауза која може да трае до шест месеци.

Оваа вест дефинитивно нема да му се допадне на селекторот Игор Ангеловски, кој го сметаше Нестор за прв напаѓач во репрезентацијата заедно со Горан Пандев, но сега без искусниот играч на Удинезе, Рисовите ќе играат на ЕП против Холандија, Австрија и Украина во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести