Нестварен рекорд: Ниту еден играч на Кристал палас не ја пипна топката во шеснаесетникот на Ливерпул

Ливерпул на доминантен начин синоќа стигна до победа од 4:0 против Кристал палас на „Енфилд роуд“. Со оваа победа, домаќините само потврдија дека целосно ја заслужуваат титулата во Премиер лигата, која и официјално може да ја освојат уште вечерва ако Манчестер сити не го победи Челзи на гости.

На „Енфилд роуд“ синоќа како да беше игра на „мачка и глушец“ затоа што Ливерпул беше доминантен во однос на гостите. За тоа колку играчите на Кристал палас беа немоќни да направат нешто на ова гостување, покажува и неверојатниот податок дека тие ниту еднаш не успеале да играат со топката во рамките од шеснаесетникот на Ливерпул.

Откако постои педантното статистичко пресметување на „Опта“, од 2008 година досега ова е првпат еден тим од Премиер лигата да нема контакт со топката во шеснаесетникот на противникот во текот на сите 90 минути игра.

 

- Оглас -

Најнови вести