Нетфликс снима документарец за Винисиус, Валенсија им забрани влез на стадионот

Валенсија и Реал Мадрид во сабота ќе играат во првенствен натпревар на „Местаља“, а на стадионот требаше да биде присутна и екипа на Нетфликс, која снима документарец за фудбалерот на Кралевите, Винисиус.

Од раководството на Валенсија првично се согласиле да им овозможат влез на луѓето од Нетфликс под услов и тие да кажат своја верзија за случувањата кога фудбалерот на Реал беше расистички навредуван на овој стадион.

Сепак, од Валенсија се премислиле и одлучија да не ѝ дозволат влез на стадионот на екипата на Нетфликс од страв дека што и да се случи, тие ќе бидат прикажани во лошо светло, но и дека ќе бидат злоупотребени навивачите доколку се случи некој инцидент.

- Оглас -

Најнови вести