Неточни се информациите дека Марселино ќе биде нов тренер на Милан

Утринава се појавија информации дека Марселино Гарсија, екстренерот на Валенсија, од следната сезона ќе ја преземе клупата на Милан. Шпанскиот стратег е наведен како наследник на Стефано Пиоли, меѓутоа неговиот агент ги отфрли сите шпекулации дека соработка веќе е случена.

„Сосема природно е што Марселино сака да води голем европски клуб, а Милан е еден од нив со оглед на нивната историја. Меѓутоа, вестите кои се појавија дека веќе е договорена соработка за следната сезона се неточни. Ниту јас, а ниту Марселино не се сретнавме со Паоло Малдини, ниту пак е стигната понуда за такво нешто“, истакна Евгенио Ботас, агентот на шпанскиот стратег.

Како што е веќе познато, управата на Милан му даде ултиматум на тренерот Пиоли да обезбеди пласман на едно од европските натпреварувања за следната сезона, во спротивно ќе се стави крај на таа соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести