Неверојатен автогол: Стракоша треба да добие медал за најголема глупост (ВИДЕО)

Натпреварот од Лигата на Европа меѓу Галатасарај и Лацио заврши со резултат 1:0, а тоа е „благодарение“ на голманот на гостите Томас Стракоша, кој направи невидена глупост и си го постигна еден од најсмешните автоголови.

Ќе пробаме да ја објасниме ситуацијата колку што можеме. По една реакција на дефанзивец на Лацио во 67-мата минута, голманот на овој тим сакајќи да ја избие топката во корнер, тоа го направи лошо, ја погоди стативата, па топката потоа се одби во неговата глава и заврши во голот. Видеото вреди да се погледене неколку пати.

 

- Оглас -

Најнови вести