Неверојатен блок во последните секунди: Сите се стрчаа да го прегрнат јунакот на Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед со 2:1 ја победи Астон вила, а во последните моменти од мечот на „Олд Трафорд“ се случи драма. Гостите со сите сили тргнаа да израмнат, напаѓаа и создадоа одлична шанса. Топката дојде на неколку метри од голот, а еден од гостинските играчи имаше одлична можност за погодокок, шутираше, но неговиот удар го изблокира Ерик Бејли.

Дефанзивецот на Манчестер со лизгачки старт успеа да ја одбие топката која најверојатно ќе завршеше во голот ако не беше неговата интервенција.

По завршување на мечот сите играчи на Манчестер знаеја дека токму тој блокиран удар на крајот донесе победа и три бода на Црвените ѓаволи кои сега имаат 33 бода и се на делба на првото место со Ливерпул. Манчестер е првиот тим кој сезонава стигна до двоцифрен број на победи во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести