Неверојатен гол во Португалија: Го лобуваше голманот кој стоеше на самата линија (Видео)

Дуелот од 18-тото коло на првенството на Португалија помеѓу Есторил и Арука го одбележа интересен момент кој се случи уште во втората минута. Мароканецот со француски пасош, Рафик Гитан, изведе фантастичен потег и од самиот раб на шеснаесетникот успеа да го лобува противничкиот голман кој се наоѓаше на самата гол-линија.

Есторил со погодокот на Гитан поведе со 1-0, но тоа не беше доволно за да освои бод(ови) и на крајот загуби од Арука со 1-2.

- Оглас -

Најнови вести