Неверојатен меч: утка на кариерата на Кристијано Роналдо, но се играше додека не победи Ал Наср! (Видео)

Екипата на Ал Наср која се бори за титула во првенството на Саудиска Арабија, за малку ќе имаше голем кикс на свој терен, но сепак победи со 3-1 против „фенерџијата“ Ал Батин.

Ал Наср погодокот за 1-1 го постигна во 93-та минута, стрелец беше Гариб, Ал Фатил погоди за водство во 12-тата минута од судиското продолжение, а Маран во 105-та минута ги постави конечните 3-1.

Мегаѕвездата Кристијано Роналдо не беше расположен како на претходните мечеви, а дека не му беше денот, доказ е и утката која ја имаше, кога топката ја упати кон празниот гол, но гостите ја запреа пред таа да ја помине гол-линијата.

Погледнете каква шанса упропасти најдобриот стрелец во историјата на фудбалот:

https://twitter.com/i/status/1631732869977571341

- Оглас -

Најнови вести