Неверојатен потег на голферот кој за малку ќе завршеше во езеро (Видео)

Американскиот голфер Џордан Спит направи потег за памтење на Рајдер купот. Неговото топче се најде меѓу високата трева во долот кој води кон езерото, а голферот покажа дека и за тоа постои начин како да се изведе одличен удар.

Тој воопшто не ни можеше да види каде е дупката, но успеа да изведе супер удар и да го доведе топчето во непосредна близина до погодок. Џордан загуби рамнотежа по ударот и се стрча надоле, па малку фалеше да заврши и во езерото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести