Неверојатен скок: До вчера беше петтопласиран, сега е лидер во трката за добивање СТАН НА ВОДНО

Дека никогаш не треба да се откажувате, посебно ако сте во трка за добивање СТАН НА ВОДНО, покажува и вчерашниот ден. Дејан од Битола е нов лидер во генералниот пласман во финалето на Типстер Купот на Sport Life и тоа благодарение на поените освоени во изминативе 24 часа.

Финалето трае веќе 20-тина дена, а Дејан до вчера беше на петтото место. Со последните уплатени тикети, не само што успеа да стигне до лидерската позиција туку битолчанецот направи солидна предност во однос на конкурентите. Дејан сега има 83.253,6 поени и е далеку пред Христо од Скопје, кој е второпласиран со 68.646,4, и Томислав, исто така од Скопје, со 67.793,6 поени.

Ако се знае дека новиот лидер до вчера имаше 62.932,1 поени, јасно е дека тој имал тикети уплатени од пред неколку дена на кои имало мечеви и од викендот, па затоа е и толкав бројот на освоени поени во само еден ден.

Овој скок на Дејан е доказ дека сите финалисти треба да продолжат со трката за освојување СТАН НА ВОДНО затоа што само за еден ден ситуацијата може целосно да се промени. Имате уште време за игра и поправање на пласманот затоа што финалето трае до 10 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести