Атланта со 124:122 го победи Торонто во најнеизвесниот меч одигран ноќеска во НБА лигата. Јастребите беа пред пораз на свој терен откако губеа со 101:109, но со одлична игра во финишот и со серија од 10:0 стигнаа до 111:109, за да Торонто успее да израмни и мораше да се игра продолжение од пет минути.
Во дополнителните пет минути, Торонто од слободни фрлања израмни на 122:122 на 3,8 секунди до крајот и делуваше дека ќе има ново продолжение. Сепак, домаќините не мислеа така и за тие 3,8 секунди направија феноменална акција, која ја завршија со лесни поени за победа од 124:122. Тре Јанг со 33 поени и 12 асистенции беше најдобар кај победничкиот тим, а токму тој го имаше додавањето за победничките поени на Атланта.
holy shit what a play call by the Hawks to win it at the buzzerhttps://t.co/pU9Em4dJRC pic.twitter.com/e4sY1YFscv
— Rob Perez (@WorldWideWob) November 20, 2022
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: Индијана – Орландо 114:113, Филаделфија – Минесота 109:112, Портланд – Јута 113:118 и ЛА Клиперс – Сан Антонио 119:97.