Неверојатна драма: Победникот на Суперболот решен во последниот напад (Видео)

Лос Анџелес рамс се новите шампиони во американската професионална лига НФЛ откако во драматично финале во популарниот Супербол со 23:20 ги победија Синсинати бенгалс.

Рамс играа на домашен терен во Лос Анџелес, беа фаворити пред мечот, но до победата стигнаа буквално во последниот напад што го имаа. Беше 20:16 за Синсинати, кога тимот од Лос Анџелес успеа да направи тачдаун и да стигне до 23:20, на 1:25 минути до крајот.

Сепак, тука не беше крајот на возбудувањата затоа што Синсинати го имаше последниот напад. Бенгалс стигнаа до половина од игралиштето и имаа три обиди да „избуткаат“ еден јард, но на неверојатен начин едноставно не успеаја. Одбраната на ЛА беше фантастична кога беше најпотребно и не дозволи противникот да има шанса за три поени со шут од далечина.

Лос Анџелес одлично го отворија мечот и поведоа со 7:0, а на полувреме водеа со 13:10.

Синсинати најдобриот дел од играта го имаше во третата четвртина. Гостите негативата од три поени ја претворија во позитива од 20:10, со тачдаун кој беше направен со освојување на 75 јарди. Сепак, Синсинати тука и застанаа.

Рамс со одлична игра во одбраната и добар напад успеаја да направат два тачдауна и на крајот да се радуваат на победата и на вториот Супербол во клупската историја.

Половина минута реклама на овој спортски настан се продаваше за седум милиони долари.

За тоа како се одвиваше целиот меч може да видите на овој ЛИНК.

 

 

- Оглас -

Најнови вести