Неверојатна драма: Тимот кој беше лидер и речиси 50 години чекаше титула, заврши на трето место

Зенит е старо-новиот првак во фудбалското првенство на Русија, откако во неверојатна завршница стигна до првото место на табелата. Во последното коло, три екипи беа во трка за трофејот. Динамо Москва кој на шампионскиот трофеј чека од 1976 година беше на лидерската позиција во пресрет на последното коло, а на крајот заврши на третото место.

Динамо имаше два бода повеќе од Зенит, а три плус во однос на Краснодар, каде гостуваа во последното коло. Сепак, во последните 90 минути, резултатите беа ужасни за Динамо.

На гостувањето кај Краснодар примија гол во 52 минута и загубија со 1:0, додека Зенит пред своите навивачи губеше со 0:1, но го победи Ростов со 2:1 и на крајот тимот од Санкт Петербург на освои титулата со 57 бодови, пред Краснодар со 56, а Динамо Москва заврши на третото место со 56 бодови.

- Оглас -

Најнови вести