Неверојатна драма во Варшава: Легија утна пенал во 98. минута кој можеше да биде „злато“ вреден за Наполи (ВИДЕО)

Првата рунда од денешните натпревари од Европа Лигата е завршена, а најголемата драма се случуваше во групата Ц.

Покрај трилерот кои што го режираа Наполи и Лестер каде што главен „режисер“ беше Елиф Елмас со два гола, уште подраматично беше на средбата меѓу Легија и Спартак Москва.

Гостите со голот на Зелимкан Бакаев имаа предност од 0:1 уште од раната фаза на средбата.

Но, во 98. минута, главниот судија Матеј југ по консултација со ВАР собата досуди пенал за домаќините.

Но, Томас Пекхарт не успеа да го реализира, односно голманот Сеиков му го процени шутот за голема радост на Московјаните.

Доколку Германецот ја погодеше мрежата, тогаш Спартак ќе завршеше на треттото место и ќе играше во Конференциската лига, додека Наполи и Елиф ќе беа првопласирани, а Лестер исто така ќе се радуваше бидејќи ќе беше на местото под број два.

Воедно, токму за овој промашен пенал и денешните Типстерски совети не беа добитни, а имаа фантастична квота од 104.40.

Навистина штета, а погледнете го пеналот кој Пекхарт не успеа да го реализира.

- Оглас -

Најнови вести