Неверојатна најава од Островот: Реал го продава Винисиус за да го купи Мбапе?

Британскиот медиум „Метро“ најавува сензационален трансфер на бразилската ѕвезда Винисиус од Реал Мадрид. Како што велат од Островот, Флорентино Перес е подготвен да го продаде фудбалерот за 140 милиони евра, пари со кои би го ангажиран Килијан Мбапе.

Иако ваквите најави изгледаат речиси невозможни, сепак, Манчестер јунајтед веднаш изрази подготвеност да ја плати бараната сума за ангажманот на Винисиус.

Бразилецот оваа сезона одигра 16 натпревари за Реал Мадрид, на коишто постигна девет погодоци, а посебно импресивен беше неговиот настап во финалето на шпанскиот Супер куп, на кој со хет-трик во првото полувреме сам ја победи Барселона.

- Оглас -

Најнови вести