Неверојатна приказна: Пред неколку месеци не можеше да оди, сега потпиша професионален договор

Дауда Дијало, младиот 20-годишен фудбалер од Гвинеја, го потпиша првиот професионален договор, и тоа со францускиот прволигаш Бордо. Овој договор со Бордо е како остварување на сонот на играчот кој само пред неколку месеци воопшто не можел да стои на нозе.

Неверојатна е приказната за Дијало, кој уште како дете сонувал да стане фудбалер. Додека бил на тренинг со младинската репрезентација на Гвинеја, Дијало почувствувал болки во рацете и нозете. Поради болките, ги прекинал тренинзите, а во следните две недели болките станувале сè посилни, па дури не можел ни да заспие.

Никој не можел да објасни што се случува со младиот фудбалер. Тој бил преместен во специјално оделение во болница во Бордо. Лекарите му дале лекови и велеле дека ситуацијата ќе се подобри, но таа само се влошувала.

„Беше како хорор-филм. Еден ден медицинската сестра ме замоли да дојдам, а Дауда беше во очајна состојба. Не ги чувствуваше рацете, а потоа болката се прошири на нозете и градите“, открива Кристофер Хато, кој е очув на младиот фудбалер.

Неколку дена подоцна лекарите успеале да ја пронајдат дијагнозата, се работело за редок вид лепра која го напаѓа нервниот систем. Оваа болест е многу ретка во светски рамки и посебно била третирана од целиот персонал во болницата. За среќа, дадениле лекарства почнале да дејствуваат и болката полека започнала да исчезнува.

По четири месеци болничко лекување, Дијало бил отпуштен од болницата и се вратил во Гвинеја, но морало да живее под посебен режим. Сепак, тогаш тинејџерот сакал да се врати во Бордо и да продолжи во младинскиот тим за француската екипа. Дијало решил да тестира каква му е состојбата со рацете, па се испрскал со врела вода, но ништо не почувствувал, што е знак дека уште има проблеми со нервниот систем.

Со многу борба и одрекување од сите останати работи, младиот фудбалер од Гвинеја на крајот успеа да добие професионален договор со Бордо.

„Беше долга борба. Уште не е целосно завршена, но јас сум подготвен за уште битки. Се познавам себе си“, рече Дијало, кој потпиша едногодишен договор со Бордо, со важност до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести