Во последно време се изнаслушавме голем број чудни приказни на фудбалските терени, но дефинитивно на врвот од оваа листа е случката во Шкотска.
Пред две недели, во ниските рангови на шкотска играле екипите на Данди Атлетик и Сент Џејмс, по што од еден удар, фудбалската топка завршила во локалната река, а раководството на Данди било разочаран од сето тоа бидејќи станува за целосно нова топка.
Сепак, интересно е што две недели потоа, топката е пронајден во Холандија, односно поминала 563 километри во вода.
Човекот што ја пронашол топката видел дека е потпишана со името на оваа екипа, па одлучил да им прати објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Навистина сме зачудени што е пронајдена топката, додека, пак, сме разочарани зошто таа е целосно нова и беше користена само неколку минути“, изјавија од Данди.
Сепак, оваа екипа сака што поскоро да го заборави мечот бидејќи изгубиле со неверојатни 11:1.