Неверојатна среќа во несреќа: Леташе 30 метри, болидот падна врз возачот, а тој само стана и си замина (Видео)

Младиот 19-годишен возач во Формула 3, Александер Перони имаше неверојатна среќа на денешната трка во Монца. Во 17 круг, кој излета од патеката, удри во една нерамнина и едноставно полета во воздух. Болидот леташе 30-тина метри во воздух, се заврте неколку пати, а потоа наопачки „слета“ врз една реклама.

За среќа, Перони немаше никакви повреди. Тој сам успеа да излезе од болидот, а потоа во лекарска придружба си замина од патеката. Му биле направени прегледи и лекарите констатирале дека нема никакви повреди.

Пред само една недела, на патеката во Белгија, во несреќа на трката во Формула 2, загина Французинот Антон Хуберт. За среќа, Перони, денеска имаше многу повеќе среќа.

 

- Оглас -

Најнови вести