Неверојатна сцена: Редарка не го препозна Бонучи и сакаше да го врати на трибината кај навивачите (Видео)

Италија е првиот финалист на Европското првенство во фудбал откако синоќа дури по изведување на пенали ја победија Шпанија. Веднаш по завршување на фудбалската драма, започна големото славење на Аѕурите.

Искусниот Леонардо Бонучи тргна кон навивачите на трибините, а кога сакаше да се врати на теренот, неочекувано беше задржан. Една од жените кои беа редари на тој дел од теренот го задржа Бонучи сакајќи да го врати на трибината. Едноставно не го препозна, а Бонучи делуваше многу збунето од целата ситуација.

 

- Оглас -

Најнови вести