Навивачите на Манчестер сити уште се прашуваат како можеше Рахим Стерлинг да утне празен гол од неколку метри во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Лион, а синоќа од истата позиција дури и полоша утка имаше играч на Лион. Лион предводен од Мемфис Депај, кој направи хет-трик, го совлада Дижон со 4-1, но мајсториите на Депај беа засенети од неверојатна утка.
Максвел Корне изгледа беше инспириран од промашувањето на Стерлинг против Лион, па успеа дури и да го надмине, бидејќи топката по шутот на Стерлинг заврши над голот, а Корне ја испрати далеку кон аут луинијата. Со неговиот шут наместо да даде гол, Корне се однесуваше како одбранбен играч на Дижон.
https://www.youtube.com/watch?v=40pV8BD0DpE