Неверојатна зависност од Роналдо: Без неговите голови, Манчестер ќе беше последен во групата

Влијанието и придонесот што ги има Кристијано Роналдо врз екипата на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите се огромни. Кога го имате Роналдо во составот, тоа е гаранција дека порано или подоцна тој ќе направи нешто добро, ЛШ е негово омилено натпреварување.

Манчестер јунајтед има 10 бода во групата со Вилјареал (7), Аталанта (5) и Јанг бојс (3) и Црвените ѓаволи веќе се сигурни осминафиналисти, благодарение само на еден човек, Кристијано Роналдо.

Ако се одземат погодоците кои ги постигна Португалецот, табелата во ова група ќе изгледаше вака: Вилјареал 9 бода, Аталанта 8, Јанг бојс и Манчестер ј. по 3 бода. Без головите на Роналдо, Јунајтед ќе се бореше со Јанг бојс за место во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести