Неверојатни сцени на СП во картинг: Чекаше покрај патеката со браник во рацете, го фрли кон возачот, поради кој ја напушти трката (видео)

Досега невидени сцени на Светското првенство во картинг, или воопшто во кој било мотоспорт приреди Лука Корбери. Корбери предвреме ја заврши трката поради контакт со еден од противничките возачи, па за да се одмазди, чекаше покрај патеката со браник во рацете.

Додека болидите возеа крај него, Корбери го начека возачот поради кој присилно ја напушти патеката и го фрли браникот директно во него. За среќа, инцидентот заврши без последици, а можеше многу лесно да се предизвика голема несреќа.

Подоцна Корбери се обидел да се пресмета со истиот возач, но обезбедувањето спречило тепачка.

- Оглас -

Најнови вести