Можеби не е толку звучно дерби како што ќе бидат дуелите Ливерпул – Манчестер сити и Јувентус – Милан, но градското ривалство меѓу Бетис и Севилја има посебно ниво. Навивачите на Бетис се познати како едни од најдобрите и тие со нетрпение го чекаат вечерашниот меч против Севилја.
Дербито на Андалузија е на стадионот „Бенито Виламарин“, но иако Бетис е домаќин, Севилја е фаворит за победа. Сепак дека фудбалерите на Бетис нема да бидат сами на теренот, покажаа навивачите на синоќешниот тренинг. Илјадници навивачи на Бетис дојдоа на стадион и покрај силниот дожд, тие пееја песни, палеа факели и дадоа огрома поддршка пред денешниот меч.
Со еден ваков фантастичен мотив, играчите на Бетис сигурно вечерва ќе изгинат на терен за да не ги разочараат верните симпатизери.
Estandarte de nuestras vidas 🤗✨#ElGranDerbi pic.twitter.com/QiDTKKjAsJ
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) November 9, 2019