Неверојатни сцени во Полска: Голман даде гол за победа во 95-та вреден за опстанок, но беше залудно (видео)

Од приказна со среќен крај како на филм, до најлош кошмар за само неколку секунди претрпе полскиот второлигаш Битовија. Во последното коло од споменатиот шампионат, на Битовија им беше потребна победа против Катовице за да обезбедат опстанок во Втората лига, а до неа дојдоа на сензационален начин.

Резултатот беше 1-1 до петтата минута од судиското надополнување, а при последната шанса на гостите, нивниот голман Витан постигна гол и славјето можеше да почне. Меѓутоа, само неколку моменти подоцна играчите на Битовија разбраа дека сепак ќе испаднат во понискиот ранг во послкиот фудбал, бидејќи екипата на Сувалка славеше со 2-1 на гостувањето кај Раков, па со ист број на бодови (37), но подобра гол-разлика останаа во втората лига, а Битовија како 16-то пласирана ќе игра во Третата лига на Полска.

Неверојатниот гол и мешаните емоции на фудбалерите на Битовија можете да ги видите во следниот видео прилог.

- Оглас -

Најнови вести