Неверојатни вести од Челзи: Капитенот го раскина договорот и кариерата ќе ја продолжи во Серија А

Капитенот на Челзи, Сесар Аспиликуета, после 11 години на “Стемфорд Бриџ“ изненадувачки го напушта клубот и ќе има нов предизвик во својата кариера. Неговиот договор беше со важност до следното лето, но тој е спогодбено раскинат откако фудбалерот имал состанок со раководството на клубот.

Нов клуб на шпанецот че му биде милански Интер, и за клубот ќе претставува едно од најголемите засилувања ова лето.

Аспиликуета за Челзи одигра преку 500 натпревари и освои девет трофеи, меѓукои две титули од Премиер лигата и трофеј од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести