Неверојатниот Буфон: прв голман во историјата со 500 меча без примен гол!

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, кој брани за Парма, попладнево ја зачува својата мрежа на гостувањето кај Беневенто, и постави еден рекорд кој го зацврстува како еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.

Популарниот Џиџи кој има 44 години, стана првиот голман кој на 500 меча во професионалната кариера не примил гол. Буфон 322 пати ја зачувал мрежата незатресена додека беше во Јувентус, 92 пати за Парма, 9 пати на голот на Пари Сен Жермен, и 77 пати не примил гол кога бранел за италијанската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести