Неверојатно: Двата болиди на Ферари повторно се судрија и испаднаа од трката (Видео)

Дебакл за тимот на Ферари уште на стартот од втората трка во Формула 1 шампионатот. Двата болиди на Ферари испаднаа од трката по меѓусебниот судар на Фетел и Леклер уште во првиот круг.

„Бев многу инзненаден. Влегов од внатрешната страна и не очекував дека Леклер ќе се обиде да направи нешто“, рече Фетел веднаш по инцидентот.

https://twitter.com/i/status/1282303110535434242

Во ноември минатата година, двајцата возачи на Ферари се судрија во самиот финиш и испаднаа од трка за поени на патеката за големата награда на Бразил. Сега, неполна година по тој инцидент, повторно се случи инцидент во кој настрадаа двајцата возачи на Ферари.

За денешниот инцидент, Леклер ја призна вината. „Разочаран сум, но тоа нема да ја исправи мојата грешка. Себастијан овојпат немаше никаква вина. Го оставив тимот на цедило иако цела недела напорно работевме и се подготвувавме. Ќе ја научам лекцијата“, рече Леклер.

- Оглас -

Најнови вести