Неверојатно е колку пари загуби Динамо со голот примен во 98-мата минута

Динамо Загреб одигра неверојатен меч во кој имаше водство од 3:1 до 92-рата минута, а на крајот сепак одигра само 3:3 против Шахтар во четвртото коло од Лигата на шампиони. Со евентуална победа, хрватскиот првак ќе дојдеше до 7 бода, а Шахтар ќе останеше на 4 и повеќе од јасно ќе беше дека Динамо ќе се пласираше во осминафиналето од елитното натпреварување на УЕФА.

Сепак, Шахтар даде два гола во судиското надополнување и стигна до 3:3, а со тоа украинскиот првак е во подобра позиција во последните две кола од групната фаза. Во меѓусебните мечеви, Шахтар е подобар од Динамо, а дома ќе игра против Аталанта, додека Динамо ќе гостува кај италијанскиот тим.

Според пресметките, доколку Динамо победеше синоќа, тоа ќе знаеше и полна каса за тимот од Загреб. За победа во групната фаза се добиваат 2,7 милиони евра, но многу поважно е тоа што евектуелниот пласман во нокаут-фазата носи неверојатни 9,5 милиони евра. Според тоа, Динамо има загубено 12,2 милиони евра поради погодокот примен во 98-мата минута против Шахтар. Ремито од синоќа им донесе „само“ 900.000 евра.

Динамо досега има заработено 28 милиони евра, а во игра уште се потенцијалните 12 милиони за евентуален пласман во осминафиналето од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести