Неверојатно финале во Купот на Хрватска – Ристовски и Адеми слават двојна круна

Динамо Загреб го освои Купот на Хрватска и ги спои титулите во оваа земја заедно со освојувањето на домашниот шампионат. Модрите славеа со 6-3 во неверојатното финале против Истра 1961, во кое Стефан Ристовски и Аријан Адеми гордо ја претставија Македонија.

Адеми се запиша во листата на стрелците во голеадата откако со убав гол зголеми на 2-0 во деветтата минута. По половина час игра, Динамо имаше и убедливи 3-0, но во второто полувреме фудбалерите на Истра се разбудија и беа блиску до сензација.

Хара со два гола само за 120 секунди намали на 3-2, Сутало си постигна автогол, со кој Динамо повторно дојде до двојна предност, која брзо беше вратена на еден гол негатива преку пеналот на Грзан во 64-тата минута. При резултат од 4-3, Орсиќ и Гаврановиќ во 84-тата минута погодуваа во корист на фаворитот и го обезбедија трофејот.

- Оглас -

Најнови вести