Неверојатно: И Атлетико и Реал во резултатска негатива (видео)

Оскар Плано во 18-тата минута им направи услуга на Кралевите така што во одличен контранапад погоди за 1-0 во корист на Валјадолид против лидерот Атлетико, но во меѓувреме Реал прими гол против Вилјареал кој е дело на Пино во 20-тата минута.

Домаќините се одбранија во корнер, па со само неколку додавања ја оставија одбраната на Јоргаџиите зад себе, а Плано истрча до шестнаесетникот и го совлада Облак. Голот можете да го видите на следниот ЛИНК.

Сосема неочекувано стартуваше последното коло во Шпанија во кое се одлучува шампионот. Две минути по водечкиот гол на Валјадолид, Жолтата подморница прави изненадување во Мадрид и го натера Реал да брка негатива во остатокот од средбата.

Одбраната на Зидан не реагираше најдобро за да исчисти шанса на гостите, па Пино одлично се снајде во опасната зона и ја смести топката зад грбот на Куртоа. Голот можете да го видите на слендиот ЛИНК.

Според овие резулати, Атлетико останува на врвот и доколку нема промени, Симеоне ќе слави втора титула во Ла Лига откако е на клупата на Јорганџиите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести