Неверојатно: На крајот од сезоната во Динамо Загреб ќе се вратат 24-ица позајмени фудбалери (Фото)

Динамо Загреб со години наназад важи за екипа која најдобро работи на трансфер-пазарот на овие простори. Милионски трансфери од Загреб се случуваат со секој преоден рок, но ако се погледне списокот на фудбалери на „Трансфермаркет“, еден податок паѓа во очи.

Динамо Загреб во моментов има дури 24-ица фудбалери на коишто им завршуваат позајмиците и налето ќе се вратат на „Максимир“ во очекување што ќе биде со нивните кариери во иднина. Дали ваквиот начин на работа е дел од тактиката на загрепчани, останува да видиме, но доколку се погледне списокот, ќе се види голема разноликост. Фудбалерите се на возраст од 19 до 33 години, а голем дел од нив се позајмени на хрватски прволигаши и второлигаши, но има и играчи коишто настапуваат и во Словенија, Босна и Херцеговина и Турција.

- Оглас -

Најнови вести