Неверојатно, но можеби вистинито: Меси се налутил што Барса не го купила Ромеро од Аталанта

Лионел Меси и дефинитивно денеска нема да потпише нов договор со Барселона, иако сите најави беа дека тоа треба да се случи по клучниот состанок на неговиот татко Хорхе, кој му е и агент, со претседателот Жоан Лапорта.

Има неколку верзии зошто Меси не сака да го продолжи договорот со клубот во којшто ја мина целата кариера, а една од тие верзии е дека Меси се налутил што Барса не му го исполнила ветувањето дека ќе го купи аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро. Барселона привлече еден близок пријател на Меси, тоа е Серхио Агуеро, но изгледа за Меси тоа не било доволно.

Ромеро, кој играше за Аталанта, е блиску до потпис со Тотенхем. Ова го разочарало и го налутило Меси, кој мисли дека Барса нема да има доволно квалитетен состав за да се бори за трофејот во Лигата на шампионите. Ако Меси остане во Барса, ем ќе треба да прифати многу помала плата од досегашната, ем ќе треба да игра со состав за кој не верува дека е доволно силен.

Од Барселона признаа дека ситуацијата со преговорите станала критична, но остануваат оптимисти дека Лео ќе остане кај нив.

- Оглас -

Најнови вести