Неверојатно, но вистинито: Облак сезонава е најлошиот голман во шпанската лига

Иако многумина го сметаат за еден од најдобрите чувари на мрежата во светот, Јан Облак од Атлетико Мадрид, сезонава е само бледа сенка. Статистиката покажува дека Облак сезонава е најлошиот голман во шпанската лига според просекот на одбранети шутеви.

Облак има само една одбрана на последните шест меча. Попладнево, во првото полувреме на гостувањето кај Барселона, прими три гола од три шута кои беа упатени во рамките на голот на Атлетико.

Од последните 21 шутеви кон голот на Облак, дури 15 завршија со гол. Секако тој не е единствениот виновник што Атлетико прима многу голови сезонава, и одбраната на тимот е катастрофална во според со претходните сезони.

- Оглас -

Најнови вести