Неверојатно: Нуњез и Салах два меча по ред му даваат гол на Евертон на идентичен начин (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул повторно го совладаа градскиот ривал Евертон, овој пат со 2:0, а во главната улога беа напаѓачите на Црвените, Мохамед Салах и Дарвин Нуњез.

Звучи неверојатно, но Нуњез и Салах ја ископираа идентичната акција од претходниот меч против Евертон и постигнаа гол.

Ливерпул на 13-ти февруари годинава исто така славеше со 2:0 против Евертон и на тој меч, Уругваецот на идентичен начин му асистираше на Салах.

Интересно е што Нуњез сезонава има шест асистенции за Ливерпул, и сите ги реализира Мохамед Салах.

 

- Оглас -

Најнови вести