Неверојатно: Панатинаикос ја дезинфицира салата откако Олимпијакос ја освои Евролигата

Со претседателот на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос, никогаш не е здодевно. Тој честопати шокира со своите контроверзни постапки, а во низата такви е и ова што се случува денеска во олимписката сала „ОАКА“ во Атина.  

Панатинаикос попладнево се „пофали“ дека специјално ангажиран тим извршил дезинфекција и биолошко чистење на салата каде што нивниот најголем ривал Олимпијакос во неделата вечерта ја прослави титулата европски шампион победувајќи го Реал Мадрид во финалето на Евролигата, кога трибините беа преполни со навивачи на тимот од Пиреја.

„Процесот на дезинфекција и биолошко чистење во просториите и на трибините на арената ‘ОАКА’ е завршен, па сè е подготвено повторно да ги пречекаме фановите на Панатинаикос“, објави клубот.

- Оглас -

Најнови вести