Неверојатно поклопување, Бензема двата гола ги даде во иста секунда (Фото)

Францускиот напаѓач Карим Бензема, кој беше прогласен за најдобар играч на синоќешниот меч помеѓу Франција и Португалија, со своите два гола ја однесе својата селекција на првото место во групата, што им донесе малку полесен противник во осминафиналето (Швајцарија), но потоа им следуваат многу потешки дуели во четвртфиналето и полуфиналето пред да стигнат до посакуваното финале.

Вистински куриозитет се случи на мечот во Будимпешта, при двата гола на Бензема. Кога топката влегуваше во гол, семафорот покажуваше 46 минути и 44 секунди. Првиот гол од пенал беше во 1,44 секунди од судиското продолжение, а вториот падна во 47-мата минута, кога времето беше на 46 минути и 44 секунди.

Не е првпат во историјата на фудбалот да се случи ова, но претставува вистинска реткост.

- Оглас -

Најнови вести