Србите одиграа неверојатна прва четвртина во дуелот против Американците и водат со 32:7 по првите 10 минути игра. Мечот кој многумина го очекуваа и го најавуваа како можно финале, сега е само дуел за борба од петто до осмо место на Мундобаскетот.
Американците поведоа со 2:0, но потоа следуваше шоу на Србија. Најпрво имаа серија од 11:0, а потоа со нова серија од 15:0 стигнаа до 26:5. Дури седум тројки постигнаа Србите во првата четвртина, играчите на САД беа непрецизни во нападот, па на крајот од првата четвртин, на семафорот стоеше плус 25 за Србија.