Првпат по 13 години, Реал Мадрид ќе ја заврши годината со помалку од 100 постигнати погодоци. Од 2008 година наваму, Кралевите редовно ја завршувале календарската сезона со трофицрен број на реализирани голови, но во 2020 година застанаа на 91 по вчерашното реми со Елче.
Во 2019 година застанаа точно на границата од 100 гола, а најефикасна година им беше 2014, дури со 178 погодоци во мрежата на противниците.
Секако, тримесечната пауза поради пандемијата со корона-вирусот влијаеше врз учинокот на екипата на Зинедин Зидан, но треба да се земе предвид фактот што откако си замина Кристијано Роналдо, и бројот на погодоци постепено се намалуваше.
https://twitter.com/RMadrid_Stats/status/1344523574204387328

