Неверојатно тенки нерви има српскиот тренер (видео)

Тренерот на Војводина Ненад Лалатовиќ, приреди ново невкусно шоу за време на денешниот меч помеѓу неговата екипа на гостувањето кај Раднички од Ниш. Војводина славеше со 2-1, а Лалатовиќ беше исклучен од дуелот непосредно по стартот на второто полувреме.

Претходно српскиот стратег по вербална расправија со шефот на стручниот штаб на домашниот тим заработи жолт картон, а потоа се расправаше и со еден навивач на Раднички, по што судиите мораа да го пратат во соблекувалната.

Лалатовиќ прво се прекрсти неколку пати, а потоа гестикулираше некому дека ќе му го исече вратот. Ова не е прв испад на српскиот тренер, во ланската сезона неговата прес-конференција стана хит на социјалните мрежи како највулгарна која се случила на Балканот.

- Оглас -

Најнови вести