Ќе измине една година откако Кристијан Ериксен го облече дресот на Интер напуштајќи ги редовите на Тотенхем, но данската ѕвезда не се пронајде на „Џузепе Меаца“ и е незадоволна од својот статус во клубот.
Тоа го натера да размисли за нова преселба, што ги алармираше клубовите од Премиер лигата кои и претходно се интересираа за потписот на Ериксен. Прв клуб кој ќе атакува на услугите на Ериксен е Арсенал, лутиот ривал на Тотенхем.
Можно е да се случи неверство, некогашниот миленик на Петлите да го облече дресот на вечните лути соседи. Арсенал наводно е подготвен да го жртвува Грани Џака во директна размена за Ериксен, па Микел Артета да добие креативец каков што му недостасува во екипата.