Игнасио де Аруабарена по лошо ќе го памети квалификацискиот меч со Бразил за настап на Летните олимписки игри откако си постигна неверојатен автогол и ќе биде директен виновник, ако Уругвај не успее да се пласира на турнирот во Токио.
Младиот 23-годишен голман на Вондерерс на чуден начин сам со рака си ја смести топката во мрежа, иако околу него немаше противнички играчи. Сакајќи да го фати фудбалот во прегратки, реагираше несмасно и со автогол го израмни резултатот на 1:1. Тоа беше и конечен исход на мечот, а Уругвај до тој момент што се случи во 40-тата минута имаше предност од 1:0 против Кариоките.
Brazil [1]-1 Uruguay – Bizarre OG (Olympic Qualifiers) from soccer
Со реми Уругвај остана само на еден бод од два меча и ќе треба да има многу среќа и поволни резултати во дуелите на неговите конкуренти Аргентина, Бразил и Колумбија за да приреди подвиг и да игра на ЛОИ во Токио оваа година.
Аргентинците ја победија Колумбија со 2:1 и тие се сигурни патници на олимпискиот турнир бидејќи имаат 6 бода и недостижна разлика во однос на трите конкуренти.
Само двете првопласирани селекции на квалификацискиот турнир ќе играат во Токио.