Невиден експеримент на Челзи: Нов тренер ќе биде жена?

Иднината на Маурисио Сари и натаму е неизвесна и покрај тоа што го одведе Челзи до финалето од Лигата на Европа, како и до третата позиција на табелата во Премиер лигата. Италијанскиот стратег смета дека ги оствари зацртаните цели на клубот во неговата дебитантска сезона, но дебаклите од Манчестер сити (6-0) и Борнмут (4-0) му ги загрозија шансите да остане во Лондон.

Раководството на Сините сега е подготвено да направи огромно изненадување. Според информациите кои доаѓаат од Островот, Челзи може да ја ангажира Ема Хејс, менаџерката на жените на тимот од „Стемфорд бриџ“.

Хејс во досегашниот дел од кариерата како предводничка на женската екипа на Челзи освои две титули во женската Премиер лига, два трофеи во ФА купот во женска конкуренција, а сезонава стигнаа и до полуфиналето во Лигата на шампиони за жени, каде загубија од шампионот Лион.

Досега не се случило жена да води машки тим во една од топ 5 европските лиги, така што ова би било невиден експеримент на Сините. Дали ќе успешен, ќе покаже само времето, ако навистина Хејс добие шанса да се докаже.

- Оглас -

Најнови вести