Невиден срам за еден од најтрофејните француски клубови

Сент Етјен постепено тоне иако е еден од најтрофејните клубови во Франција. Заедно со ПСЖ е клуб со најмногу титули во Лига 1, имаат по 10, но сезонава игра во вториот по ранг француски шампионат.

И таму се апсолутна катастрофа, Сент Етјен по четири кола е на дното на табелата со само два бода и учинок од 4-11 во голови. Денес на домашен терен претрпе најголем срам во клупската историја, загуби со 0-6 од Ле Авр, што е најтежок пораз на Сент Етјен.

На полувреме немаше голови, но домаќините поради две исклучувања играа со само девет фудбалери на теренот. Уште еден црвен картон го осакати Сент Етјен по еден час игра во вториот дел, по што почна рапсодијата на Ле Авр и од 51-та до 89-тата минута шестпати се тресеше мрежата на 10-кратниот француски првак.

- Оглас -

Најнови вести