Невидена повреда и малер за Стеф Кари во рекордната НБА вечер (Видео)

Шест различни кошаркари (Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Домантас Сабонис, Дрејмонд Грин, Бен Симонс и Никола Јокиќ) направија трипл-дабл во мечевите од НБА лигата кои се играа рано утрово, но овој НБА рекорд како да падна во сенка на повредата на ѕвездата Стеф Кари, кој си ја повреди „опашката“.

Во третата четвртина на дуелот кој Голден стејт го доби против Хјустон со 108-94, Кари имаше непрецизен обид за тројка, па го загуби балансот, почна да се движи наназад, се сопна и падна на метални скали, при што си ја повреди коската која се наоѓа на задниот дел од телото, веднаш под рбетот. Болката беше голема, па Кари мораше да замине во соблекувална и за него мечот заврши. Додека уграше, Кари уфрли 18 поени и додаде 8 асистенции.

Лука Дончиќ не направи трипл-дабл, но со 42 поени беше предводник на Далас до победа над ЛА Клиперс од 105-89. Бруклин ја совлада Индијана со 124-115 и сега Нетс има 14 победи на последните 15 меча.

- Оглас -

Најнови вести