Невидено досега – Атлетичар беше претепан пред старт на трката, плукаше и крв и стана шампион на Франција (Видео)

Невиден инцидент и невиден крај имаше трката на 400 метри на државното првенство на Франција, а жртвата Вилфрид Хапио, кој шокантно беше претепан на 20 минути пред стартот стана херој и покрај сите проблеми стана шампион на земјата.

Хапио од неразбирливи причини беше нападнат и неколкупати и удрен со тупаници од непозната машка особа.

Прими неколку удари, а потоа и лежеше на атлетската патека и според очевидци плукал и крв од устата, но успеа на сензационален начин да се врати од шокот и потоа и да победи на трката на 400 метри со личен рекорд од 48 секунди и 57 стотинки.

Напаѓачот веднаш беше уапсен, а мотивите за насилството се непознати.

„Не сакам воопшто ни да мислам на тоа. Не знам што да кажам, има надлежни институции што ќе треба да превземат мерки. Се радувам на победата и конечно успеав да бидам државен првак на Франција со личен рекорд“, изјави Хапио.

- Оглас -

Најнови вести