Невидено досега – Двојна гренслем-шампионка се откажа од Ролан Гарос, причината е бизарна

Двојната гренслем-шампионка Петра Квитова имаше невиден малер досега во светот на тенисот и се повреди подготвувајќи се за редовната прес-конференција на Ролан Гарос, па мораше да го откаже учеството на турнирот.

Иако ја победи Гретје Миненод Белгија со 2:1 во сетови во првото коло на францускиот гренслем, една од најмалерозните тенисерки на денешницата мораше да се откаже од настапот во Париз, па Елена Веснина си доби подарок пласман во третото коло.

Квитова, како што објавија француските медиуми, се лизнала во ходникот подготвувајќи се за редовната прес-конференција, повреден и е глуждот и не може да игра, па се откажа.

Петра е двојна шампионка на Вимблдон од 2011 и 2014 година, има едно финале на Отвореното првенство на Австралија и две полуфиналиња на Ролан Гарос.

Во 2016 година, пред Божиќ, ѝ се случи неверојатен настан во нејзиниот дом во Чешка, кога беше нападната од провалник. Беше нападната со нож и имаше повреди на левата рака. Успеа јуначки да го преживее хоророт, за среќа, успеа да закрепне по неколку операции и по шест месеци се врати на тениските терени, токму на Ролан Гарос.

Сега на истиот турнир ѝ се случи невиден малер, нешто што е незабележано во еден од најатрактивните индивидуални спортови.

Ден претходно на чуден начин се откажа и четирикратната гренслем-шампионка Наоми Осака. Јапонката објасни дека има психички проблеми и страв од настап пред луѓе, па не се појави на задолжителната прес-конференција, а откако беше казнета со 15 илјади долари, објави дека се повлекува од Ролан Гарос.

 

- Оглас -

Најнови вести