Невидено Куп-финале досега – Имаше 10 гола, луди пресврти и пенал драма за пехарот

Невидено куп-финале во Ерменија одиграа Ноа и Арарат-Ерменија, а по речиси тричасовна битка пехарот му припадна на аутсајдерот.

Ноа приреди уникатен подвиг и славеше на пенали по дури 9 изведени серии, откако во регуларниот дел беше 4:4, а по продолженијата 5:5, па се изведуваа удари од белата точка.

На пенали поуспешен беше клубот што е формиран пред само три години и славеше со 7:6.

Во регуларниот дел и особено по првото полувреме воопшто и не личеше дека ќе има фудбалска драма, бидејќи фудбалерите на Арарат-Ерменија кои беа фаворити пред финалето имаа предност од 4:1 по 45 минути игра.

Но, така не мислеа играчите на ривалот и Ноа одигра страшно второ полувреме. Го декласираа фаворитот и со три гола во кус период од 11 минути до 67. минута израмнија на 4:4.

Во продлолжението Ноа поведе и со 5:4 во 114. минута со голот на Азаров, но по само 60 секунди на 5:5 израмни Отубанџо.

Продолженијата двапати по 15 минути завршија, а победник немаше и покрај вкупно 10 гола на мечот, па се изведуваа пенали. И тука имаше голема драма со по две промашувања на двете страни во основната серија од по пет удари од белата точка.

Пеналџиите на двете страни потоа беа прецизни до деветтата серија кога се случи кобната утка на Арарат-Ерменија, а Ноа погоди за голема победа и прв историски пехар за екипата што е формирана пред само три години.

- Оглас -

Најнови вести