Невидено: Најдобрата тенисерка на светот тренираше со залепена уста (Фото)

Полската тенисерка Ига Швјонтек, која е лидер на ВТА-листата, на тренинг во Монтреал се појави со фластер преку устата и зачуди многумина дали со ова сака да испрати некаква порака.

Објаснувањето е дека тоа го направила за да дише исклучиво преку нос.

На крајот на тренингот, Ига го извади фластерот. Таа во првото коло е слободна, а во второто ќе игра со Каролина Плишкова. Останува да се види дали методот на тренинг со залепена уста помага и дали оваа техника во иднина ќе ја применат и други спортисти.

- Оглас -

Најнови вести