Невидено: не се ни Барса, ни Реал, ни Баерн, а во две кола во ЛШ шутнаа дури пет пенали

Германскиот напаѓач од редовите на Салцбург, Карим Адејеми, со 19 години и 254 дена стана петти најмлад фудбалер кој постигнал гол од пенал во Лигата на шампионите, и тоа не еднаш, туку тој синоќа двапати ја затресе мрежата на Лил со шут од 11 метри.

Против Севилја, судијата им додели дури три пенали, но два не успеаја да реализираат. На мечот со Лил, Адејеми беше прецизен двапати, за разлика од утката во Севилја, по која тимот му даде шанса на друг изведувач во вториот и третиот обид.

Верувале или не, за австрискиот тим се досудени дури пет пенали во првите две кола од групната фаза во ЛШ и тоа е просек од шутнат пенал на секои 36 минути. Во моментот кога беше досуден петтиот пенал сезонава, имаа просек од пенал на секои 28 минути. Ова е нешто невидено во историјата на најсилното клупско натпреварување.

Барселона е рекордер во ЛШ со 53 изведени пенали, следува Реал Мадрид со 51, Баерн го држи третото место со 48, а во топ 5 се и Манчестер јунајтед со 34 и Челзи со 31.

- Оглас -

Најнови вести