Невидено – Турски фудбалер ги нападнал ривалите со жилет?! (Видео)

На мечот од локалното дерби во третата турска лига помеѓу Амед и Сакаријаспор еден играч на домашните ги нападнал противниците со остар предмет, сомнежите се дека станува збор за некаков жилет.

Турската полиција покрена истрага против Мансур Чалар, а од клубот чиј член е осомничен ги отфрлија обвинувањата како бесмислени и неосновани.

На снимка се гледа дека пред почетокот на средбата, 33-годишниот Мансур постојано има стисната тупаница и веројатно крие нешто. Во еден момент, кога поминуваше зад противнички играч, замавна кон Ферхат Јазган, а осомничен е и дека нападнал уште тројца соперници за време на натпреварот. Јазган објави фотографија.

На претходниот меѓусебен дуел, одигран на 13-ти октомври, исто така имало инцидентни ситуации на кои се жалеа од Амед, па сега, кога се играше на нивен терен, сакаа реванш. Инаку мечот заврши 1-1, а двата гола паднаа од пенал.

- Оглас -

Најнови вести